Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ГОЛЕМА ТРАГЕДИJА ВО КОЧАНСКО: Едно лице изгоре во пожарот, а неговата мајка е во болница

  • Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара
  • Две простории во домот биле во пламен кога противпожарната служба пристигнала на местото
  • Едно лице го загуби животот,  а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница.

Во пожар што рано изутринава избувна во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани.

Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.

-Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

На местото на пожарот во тек е увид од страна на полициски инспектори и јавен обвинител (МИА)

најчитани вести

Забава

Кој вели дека бикини е само за на плажа?! Новиот тренд налага со бикини да се оди и на снег. Не верувате?! Погледнете ги...

Забава

Софија Ражнатовиќ (41), вонбрачна ќерка на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој некогашниот командант на СДК ја добил во Белгија, оваа година била спречена да присуствува...

Македонија

Добра вест во најава за македонските угостители после подолг период на рестрикции и скратено време. Имено најверојатно работното време за угостителите ќе биде продолжено...

Свет

„Секој ресторан што ќе аплицира ќе биде регистриран како ќелија на политичка партија. Ќе се одржуваат состаноци, а гостите ќе бидат членови на нашата...