Холивудските актери Бен Афлек и Ана де Армас наводно раскинале по една година врска, пренесуваат странските медиуми. Имено, извори блиски до парот истакнуваат дека раскинувањето било меѓусебно, и обајцата решиле да го продолжат патот.
- Бен повеќе не е со Ана. Таа ја раскина нивната врска, која и онака беше комплицирана. Ана не сака да биде во Лос Анџелес, каде што живее Бен поради неговите деца – рекоа пријателите на Ана.
- Нивните животи се сосема различни. Тие сè уште сакаат и се почитуваат, но Бен сè уште работи на себе, има уште многу работа и сака да им се посвети на своите деца. Двајцата се задоволни со своите животи, и токму тоа беше проблемот меѓу нив – тврдат пријателите.

- Тие имаа бројни разговори за нивната иднина и заедно решија да раскинат – додаде изворот.
Иако се чинеше дека нивната врска станува сериозна во последните неколку недели, се покажа дека Афлек и Ана не се судени еден за друг. Двојката во декември 2020 година откри дека живеат заедно, а празниците ги поминаа со децата на Афлек. Неодамна направија нов заеднички филм, а американските медиуми почнаа да пишуваат дека се вериле затоа што Ана носела голем прстен на раката, но двојката тогаш не ги потврди шпекулациите.
A life-sized cardboard cutout of Ana de Armas from inside Ben Affleck’s residence was seen being thrown out into a trash can. (January 18, 2021) pic.twitter.com/4bxxDC97WZ
— Ana de Armas Updates (@ArmasUpdates) January 19, 2021
Она што ги шокираше многу следбеници е тоа што пред вилата на Бен во Лос Анџелес може да се види постерот во природна големина на Ана фрлен во контејнер, со кој играа неговите ќерки минатата година. Од друга страна, Ана, како и многу други жени, го означи раскинувањето со нова фризура. Таа се ишишала на страна, ја обоила косата црно и ги скратила пипките.
Уште пошокантно е информацијата дека раскинале по телефон и дека немало разговор во живо, а многумина тврдат дека токму разликата во возраста придонела за раскинување. Бен веќе има брак зад себе и три деца, додека Ана сака да има семејство.