13.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

230 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 36 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 17 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 24 за користење на мобилен телефон. Изречени се 42 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 33 мерки за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести