5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Фотографија од сплитските улици стана вистински хит во регионот

Фотографија од сплитските улици стана вистински хит во регионот, откако несекодјевна работа беше „прикачена“ за еден автомобил.

Имено, на Фејсбук страницата „Сообраќајни згоди и незгоди“ беше објавена фотографија од „Фолксваген Пасат“, која привлече големо внимание од корисниците на оваа социјална мрежа заради еден детаљ.

Заборавениот возач ја напуштил бензиската пумпа без претходно да го откачи  цревото за гас и возел низ градот со цревото кое се влечело по автомобилот.  

Не е познато дали не сакал да плати па избегал или пак чисто заборавил да го откачи цревото, сепак стана ултра популарен во Хрватска и пошироко.

– Не му е гајле, тој секогаш е полн до чепот – стои во еден од коментарите.

„Сега може да се спои каде сака“, „Пасат се породи, остатокот од папочната врвца“, се само дел од креативните под оваа фотографија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести