4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СТРАШНО: Бебе заврши во болница,ПРОНАШЛО КОКАИН КОЈ МУ ПАДНАЛ НА ТАТКО МУ

13-месечно бебе беше итно пренесено во болница во Рим откако зело кокаин.

Малиот за среќа е надвор од животна опасност, но неговите родители сега треба да се соочат со правдата.

Тие се обвинети за „повреда од небрежност“.

Како што известуваат италијанските медиуми, таткото на бебето изјавил дека ја изгубил дозата на дрога што ја имал во џебот откако седнал на каучот.

Родителите кои се во 30-тите години се јавиле на брза помош откако ја забележале состојбата на детето, кое било пренесено, во болницата Умберто во италијанската престолнина.

За двојката може да има сериозни последици, иако мајката е  повторно бремена.

При полицискиот претрес во станот не била пронајдена друга дрога.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести