23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Доналд Трамп се обрати за последен пат како Претседател (видео)

Белата куќа денес објави последна порака за поздравување од претседателот во заминување Доналд Трамп. Бидејќи вторник е последниот ден од неговиот претседателски мандат. Трамп рече дека постигнал успех во сите области. 

На веб-страницата на Белата куќа има голема слика како Доналд Трамп мавта пред да се качи на претседателскиот авион „Ер форс еден“, а под него стои насловот: „Исполнети ветувања“.

Говорот на Трамп беше објавен во целост во форма на видео порака нешто после 16 часот по локално време (22 часот по наше време). И од говорот пред неговото објавување, самата Бела куќа ги издвои следниве акценти:

  • Најголемата опасност со која се соочуваме е губење на доверба во себе – губење на доверба во величината на нашата нација, ниедна нација, која губи верба во своите вредности, историја и херои, не може да напредува долго – затоа што тоа се изворите на нашето единство и виталност.
  • Америка не е плашлив народ на скромни души кои треба да бидат засолнети и заштитени од оние со кои не се согласуваме ние сме – и секогаш мора да бидеме – земја на надеж, светлина и слава за целиот свет оваа недела инаугурираме нова администрација и се молиме да успее да ја одржи Америка безбедна и просперитетнаго направивме она што го сторивме – и многу повеќепред сè, мора да ја потврдиме светата идеја дека во Америка, владата одговара на народотја вративме во живот тезата дека никој во Америка не е заборавен – затоа што секој е важен и има право на глас
  • Почнав во тешки битки, многу тешки битки, најтешки предизвици – затоа што ме избравте да го сторам тоа нашата програма не одеше лево или десно, не стануваше збор за демократи или републиканци, туку за доброто на нацијата и тоа значи цели нации ги обновивме американските сили дома – и американското раководство во странство ја изградивме најголемата економија во светската историја ги оживеавме нашите сојузи и обединивме народи ширум светот да и се спротивстават на Кина како никогаш порано како резултат на нашата смела дипломатија и принципиелен реализам, овозможивме низа историски договори на Блискиот исток. Тоа е зора на новиот Блиски исток и ги носиме нашите војници дома
  • Особено сум горд што сум првиот претседател во низата децении, кој не започна ниту една нова војна, сите Американци беа згрозени од нападот врз нашиот Капитол. Политичкото насилство е напад врз сè што цениме ние Американците. Ова не смее да се толерира сега, кога се подготвувам да ја предадам власта на новата администрација во среда напладне, сакам да знаете дека движењето што го започнавме штотуку започнува

Оставаме на вас сами да ги оцените овие тези. Подолу можете да го погледнете и целиот говор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести