Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски нема да го блокира пописот за да им удоволи на Села и Гаши

Законот за попис ќе биде изгласан деновиве, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го набљудува гласањето од убавиот син Дунав или на ручек со лидерот на Словенечката демократска партија Јанез Јанша.
Додека Мицкоски патува, неговите нови коалициски партнери најавија дека ќе го поддржат Зоран Заев кога законот ќе стигне на гласање во собранието.
Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат Законот за попис, иако не се задоволни од неговата содржина. Тие сметаат дека соопштувањето на резултатите не треба да го врши само Заводот за статистика. Дополнителен проблем според Зијадин Села е што многу граѓани нема да можат да се попишат затоа што немаат државјанство. За таа цел Алијанса и Алтерантива промовира платформа на која лицата без државјанство ќе можат да се пријават. Велат дека има лица кои од 1991 живеат тука, а немаат регулиран статус. Не се знае колку граѓани се вакви, ниту пак кои се причините за одбивање да се стекнат со статус на државјани.

Мицкоски на неодржан попис математички прецизно пресмета дека над 20% од жителите се албанци

За да се додвори на новите коалициски партнери, Мицкоски новата година ја дочека со интервју на албанската ТВ Клан. Иако пописот уште неодржан, тој на гледачите албанци им испрати порака дека не треба да се плашат за исходот од пописот. Информациите дека албанците биле под 20% и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да признае фабрикувани бројки, според Мицкоски биле само пропаганда со која што Заев ги плашел.
“Решивме сите дека ова е статистичка операција, ниеден политичар не рече дека ќе ревидира политичка права, ако се сложиме сите дека е статистичка операција треба тука да градиме доверба и ова е вистинскиот начин за да ги добиеме вистинските параметри, од друга страна ако зборуваме за бројките нема потреба никој да се грижи за процентите, затоа што секој оној кој внесува страв, како одреден албански медиум кој го прочитав а е поврзан со слуги на Заев лиферува дека ВМРО-ДПМНЕ вели дека албанците биле под 20% јас би кажал дека во 28-30% од населението од родените деца мајката е албанка, а од 50-60 % мајката е македонка тоа е природното движење на населението, па по тоа не е возможно да има поразлични бројки” истакна Мицкоски.

Апасиев поконкретен и поостар во натпреварот со Мицкоски околу прогнозите за пописот

„Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви кажам: најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%). Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор. Со “државници” ко Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек.“ напиша лидерот на Левица на својот фејсбук профил.

Откако Мицкоски увиде дека Апасиев бил појасен и поконкретен, ВМРО-ДПМНЕ го продолжи натпреварот со бројки.
„Заев, СДСМ, Али Ахмети и ДУИ веќе имаат договорено и ги знаат резултатите и бројките кои што треба да ги даде резултатот од пописот. Попишувањето на население само со издиктиран матичен број на одреден човек е услов поставен затоа што Заев има ветено дека бројката на Албанци во Република Македонија според пописот ќе биде над 32% од населението.“ изјави портпаролот на партијата.

Доколку е вистина тоа што го говори Мицкоски, зачудува неговата одлука да повика на соработка со членовите на пописните комисии, иако на крај вели дека немало да ги признава резултатите.
Медиа.мк веќе пишуваше за несериозниот однос на Мицкоски и кон ова прашање.

најчитани вести

Забава

Еден хороскопски знак се издвојува бидејќи во него се родиле најголемиот број милијардери. Најголемиот број милијардери се родиле во знакот на Вага. Истражувањето кое...

Забава

Шегите и насловните страници на списанијата создадоа гласина за русокосите дека се сексуално најпосакувани. Дали е тоа навистина така? Одговорот е не. Д-р Вернер...

Забава

Здравко Чолиќ во текот на својата кариера пееше многу хитови, а меѓу нив беше и познатата „Другар Тито, ти се колнам“. Песната компонирана од...

Забава

Продолжува серијата провокативни фотографии на Јелена Карлеуша, објавени на нејзиниот инстаграм-профил. Овојпат станува збор за „дело“ на кое популарната пејачка ја гледаме во провокативна...