12.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

„КОКАИНСКИ НИЛСКИ КОЊИ“ ЈА ТЕРОРИЗИРААТ КОЛОМБИЈА а за тоа виновен е ПАБЛО ЕСКОБАР

Колумбиските екологисти подигаа аларм за зголемената популација на „кокаински нилски коњи“, предупредувајќи дека забрзаното размножување на животните мора да се запре пред тие да ја „уништат земјата“.

Дваесет и седум години по убиството на Пабло Ескобар и бегството на нилските коњи од неговата лична зоолошка градина, има околу стотина потомци на оние животни кои „ги тероризираат езерата и реките во земјата“.

Научниците предупредија дека нивната популација може да порасне на 1.500 до 2024 година, бидејќи ниту еден предатор не може да го запре множењето на „кокаинските нилските коњи“ во дивината на Колумбија.

  • Овие нилски коњи станаа дел од локалниот екосистем и затоа времето ни истекува, изјави владиниот екологист Дејвид Ечевери Лопез, додавајќи дека властите брзаат да ги стерилизираат животните.

Еколозите тврдат дека урината и изметот на нилските коњи се токсични и претставуваат опасност за другите животни, па дури и за луѓето. Исто така, нилските коњи можат да бидат многу агресивни кон луѓето кои се приближуваат до нивната територија.

Животните беа увезени во Колумбија од озлогласениот крал на кокаинот Пабло Ескобар, кој беше убиен од полицијата во 1993 година. Тогаш властите ја презедоа контролата над неговиот имот и лична зоолошка градина од 7.000 хектари, но најмалку четири нилски коњи успеаја да избегаат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести