9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Вучиќ: Заев се бореше за својата земја да обезбеди вакцини

Србија ќе и отстапи 8.000 вакцини против Ковид 19 на Македонија, и тоа се првите вакцини од Фајзер кои Македонија ќе ги има за своите граѓани. 

„Што би вредело ако ние сме здрави, а соседите имаат проблеми, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи на новинарско прапшање за дозите вакцини кои ќе и ги даде на Македонија. Додаде и дека снаодливоста на Заев придонела Србија даде 8.000 вакцини за нашата земја.

„А, кога да им помогнеме? Нормално, кога им е тешко. Тоа е снаодливост на премиерот Заев кој се бореше за својата земја да обезбеди вакцини. Мислам дека ова не е само пријателски и братски потег од наша страна и Северна Македонија, туку и да покажеме дека размислуваме за соседите и за нашите меѓусебни односи, рече Вучиќ.

Тој најави дека во Србија од денеска почнува масовна вакцинација

“„Она што е важно за нас денес кога започнува масовната вакцинација е секој да разбере колку е важно тоа за нашата земја и за да ја промениме својата иднина. Десет земји купија 95 отсто од сите вакцини. Благодарение на политиката што ја спроведувавме, успеавме да обезбедиме голем број вакцина, мора да извршиме вакцинација прецизно и брзо “, рече Александар Вучиќ по состанокот на кризниот штаб. 

Тој посочи дека Србија може да вакцинира 30 000 луѓе на ден.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести