Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Почна масовната вакцинација во Србија

  • Србија досега набавила 1.054.950 вакцини и дека има потпишано договор и платила за повеќе од шест милиони дози
  • Вучиќ, кажа дека во Србија денес или утре ќе пристигнат 250.000 вакцини „Спутник V“ и дека се очекува наскоро преку Полска да се набави и четвртата вакцина од производителот Астра-Зенека.
  • Масовната вакцинација започнува денеска и се отвора голем пункт на Белградскиот саем

На седница на Оперативниот тим на државниот врв на Србија, директно пренесуван преку медиумите, преседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ го најавија и објаснија почнувањето на масовната имунизација во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Александар Вучиќ, кажа дека во Србија денес или утре ќе пристигнат 250.000 вакцини „Спутник V“ и дека се очекува наскоро преку Полска да се набави и четвртата вакцина од производителот Астра-Зенека. Тој додаде дека оваа недела ќе пристигаат и 200.000 вакцини од првата и 50.000 од втората доза на руската вакцина Спутник V и дека денес ќе почне и масовната вакцинација со кинеската вакцина Синофарм.

-Вакцинацијата е од големо значење за Србија, без вакцинација никогаш нема да ја победиме короната, не само во здравствена туку и во економска смисла, ќе дојдеме до работ на бездната, кажа Вучиќ.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија досега набавила 1.054.950 вакцини и дека има потпишано договор и платила за повеќе од шест милиони дози.

Таа на состанокот на државниот врв и Оперативниот тим за вакцинација кажа дека новиот систем за следење на вакцинацијата овозможува да се следи се – од моментот кога вакцината ќе пристигне до моментот кога секој граѓанин ќе се вакцинира.

-Масовната вакцинација започнува денеска и се отвора голем пункт на Белградскиот саем, а прво ќе бидат вакцинирани припадниците на Министерството за внатрешни работи, Војската на Србија и другите безбедносни служби.

На седницата беше најавено дека масовната имунизација почнува и во другите големи градови во Србија, на Новосадскиот саем, во Ниш, Крагуевац, Лесковац, Суботица и Крушевац.

најчитани вести

Забава

Анастасија Ражњатовиќ се јави на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави видео снимка со нејзината мајка Цеца Ражњатовиќ. На видеото може да се забележи...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...