20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Koнечно добри вести: Бројот на оздравени пациенти од КОВИД-19 во последните два дена е по над две илјади дневно

  • Бројот на оздравени пациенти од КОВИД-19 во последните два дена е по над две илјади дневно
  • Филипче најави дека за кратко време ќе биде склучен договорот со Фајзер од каде се очекуваат 5.850 дози во февруари
  • Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88 938

Кога точно ќе дојдат првите вакцини во Македонија никој со сигурност не може да каже. Владата се надева дека тоа ќе е февруари, додека опозицијата обвинува дека власта навреме не ги заштитила граѓаните.

Бројот на оздравени пациенти од КОВИД-19 во последните два дена е по над две илјади дневно, односно само за викендот оздравеле вкупно 4 125 лица. Во деноноќието меѓу саботата и неделата се регистрирани 190 нови случаи, од направени 1 530 тестирања.

Во истиот период починале шест лица, четворица пациенти од Скопје на 60, 74, 44 и 86-годишна возраст, еден 72-годишен од Куманово и еден 64-годишен пациент од Гостивар. Пациентите се починати во болнички услови.

Бројот на активни случаи во државата изнесува 12 635, од кои 58 проценти или 7 373 се во главниот град Скопје, по што следат Тетово со 466, Куманово со 452 и Кавадарци со 403.

Во болниците во Скопје и низ државата има вкупно 685 ковид пациенти, а според информациите од Министерството за здравство има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.

Планот за вакцинација е подготвен, а следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот.

Според министерот за здравство Венко Филипче, здравствениот систем е целосно  подготвен за вакцинација.  Веќе се пристигнати два фрижидера кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени, а уште три се очекуваат во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози вакцини.

Филипче најави дека за кратко време ќе биде склучен договорот со Фајзер од каде се очекуваат 5.850 дози во февруари, а по 17.500 во март и во април. Во февруари, тврди министерот, ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и е обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Според планот, во првата фаза на вакцинација се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствените работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88 938, бројката на оздравени пациенти е 73 601, на починати е 2 702, а бројот на активни случаи изнесува 12 635.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38573, активни 7373

• Куманово 5015, активни 452

• Тетово 4955, активни 466

• Прилеп 4467, активни 301

• Гостивар 3533, активни 332

• Штип 3434, активни 178

• Битола 3166, активни 257

• Велес 2954, активни 335

• Охрид 2651, активни 376

• Струмица 2470, активни 383

• Кавадарци 2388, активни 403

• Струга 2141, активни 172

• Кочани 1697, активни 142

• Кичево 1662, активни 152

• Свети Николе 1061, активни 53

• Гевгелија 953, активни 130

• Неготино 941, активни 177

• Дебар 714, активни 125

• Крива Паланка 701, активни 91

• Ресен 708, активни 114

• Радовиш 674, активни 76

• Берово 564, активни 60

• Делчево 530, активни 148

• Виница 475, активни 43

• Пробиштип 474, активни 30

• Валандово 325, активни 29

• Демир Хисар 241, активни 13

• Македонски Брод 237, активни 15

• Богданци 214, активни 38

• Кратово 209, активни 17

• Крушево 190, активни 35

• Македонска Каменица 188, активни 46

• Демир Капија 177, активни 39

• Пехчево 175, активни 26

• Дојран 81, активни 8

Во глобални рамки, пак, бројот на заразени со Ковид-19 се искачи на над 95 милиони, а од последици од заразата починале 2.034.623 луѓе, додека оздравеле приближно 68 милиони.

Според податоци на сајтот „Ворлдометер“ од почетокот на пандемијата до вчера со Ковид-19 во светот се инфицирани 95.168.543 луѓе, а оздравеле 67.937.306 лица.

Најпогодени од пандемијата се САД, каде се регистрани над 24,3 милиони пациенти и повеќе од 405.000 смртни случаи. По бројот на смртни случаи на второ место е Бразил, каде од последици од Ковид-19 починале 209.350 луѓе, а вкупно заразени се над 8,4 милиони лица. Потоа следи Индија со над 10,5 милиони инфицирани луѓе и над 152.000 смртни случаи.

Епидемиологот и член на Научниот совет на Франција, професор Арно Фонтане за РТЛ изјави дека по пандемијата со Ковид-19 враќање на нормалниот живот очекува во последниот квартал од 2021 година, но оти за тоа „ќе треба поголема дистрибуција на вакцините“,

Тој е оптимист дека за шест месеци е можно вакцинирање на целото население. – Првата цел е да се вакцинираат најранливите. Втората цел е да се запре ширењето на вирусот. За ова ќе биде потребно да се допре до најмладите и да се прошири опфатот за вакцинација кај децата. Штом потврдиме дека нема сериозни негативни ефекти од вакцината, тогаш ќе можеме да ја намалиме старосната граница, посочи Фонтанет.

Епидемиологот инсистира на важноста на развивање на „свеста од глобално ниво“. – Ќе се ослободиме од вирусот само ако играме на картата на глобален здравствен проблем и ако вакцините стигнат до сите земји во светот. Во спротивно, ризикуваме за појава на нови видови на вирусот, смета Фонтане

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести