16.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ОСЛАБЕ ТРИ КИЛА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА – Еве каква диета препорачува..

Марија Шерифовиќ неодамна стана „Јутјубер“, а сега редовно снима влогови и споделува делови од својот живот со обожавателите.

Таа сега им откри дека е на диета која и ја препишал нутриционист и ги покани сите да се приклучат на седум-неделниот план на исхрана.

Диетата на Марија се базира главно на салати, младо сирење, туна и бело месо.

“Ова е план на исхрана кој одговара на мојата тежина и крвна група и секој треба да најде соодветен план за себе. Ќе се хранам здраво седум дена, се надевам дека нема да ја прекинам диетата. Зелениот чај е задолжителен, тоа е нешто со што го започнувам денот”, рече Марија.

За време на диетата и овие седум дена детоксикација, Шерифовиќ беше гладна неколку пати, но успеа да им одолее на искушенијата и да се храни здраво, а во текот на оваа недела ослабе 2,8 килограми.

“Тоа е голем успех, се разбира дека можеше да биде и подобар, но резултатот е секако добар. Не се надевајте дека ќе биде вака секоја недела, бидејќи веднаш доведува до исфрлање на вишокот течности и токсини”, заклучила Марија, задоволна од резултатите од првата недела.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести