Во зима, обувките страдаат повеќе од вообичаено, особено кога паѓа снег, затоа што снегот во градските среди е помешан со нечистотијата од улиците, но и солта и песокот кои градските власти ги истураат против подмрзнувањето.
Затоа е многу важно редовно да ги одржувате вашите чизми за во текот на целата зима, убаво и чисто изгледаат, но и да останат неоштетени.

Потребно е да нанесете слој од соодветна крема на новокупените чизми, особено ако се работи за кожени обувки.

За да траат подолго и да ја задржат формата, оставете ги да се исушат најмалку 12 часа помеѓу две носења, но никогаш неги оставајте до радијатор, шпорет или каков било грејач, бидејќи на тој начин ги уништувате неповратно, односно кожата лесно може да се оштети.

Дамките од солта и уличната нечистотија остранете ги со сок од лимон или раствор на оцет во вода во сооднос еден спрема еден. Ако чизмите се влажни, соберете го вишок вода со хартија, а потоа пополнете ги со весник за да ја апсорбираат влагата.
