Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски тргна во поход да ја урива новата американска администрација ?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од денеска тргнува на средби со европските политичари кои до крај останаа верни на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваа да ја игнорираат реалноста и победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден. Тој на својот пат со себе го зема еднот потпретседател Александар Николовски, додека вториот Владо Мисајловски, останува во сенка.
Премиерот на Словенија и претседател на Словенечката демократска партија Јанез Јанша и Претседателот на ФИДЕС и премиер на Унгарија Виктор Орбан се двата политичари кои Мицкоски ги избра за размена на мислења и координација.
Заедничко за двајцата е што дури и се конфронтираа со американските демократи, целосно застанувајќи на страна на Доналд Трамп.
Неофицијално, на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ исто така се водела подолга дискусија пред неколку месеци околу признавањето на победата на Бајден. Кај добар дел од членовите блиски до Мицкоски постоела дилемата дали да му се честита на Трамп, нешто што беше сторено од Јанез Јанша.

Словенечката јавност се извинуваше заради однесувањето на Јанша

На 4 ноември , словенечкиот премиер Јанез Јанша преку твитер порача дека бил сосема јасен изборот на американските граѓани. Тој му честиташе на тимот на Трамп четири нови години и кажа дека колку повеќе се негира победата, толку триумфот ќе бил поголем.

Отвореното заземање на страна и негирањето на изборните резултати од страна на словенечкиот премиер ја загрижи тамошната јавност за последиците, а сличен ефект имаше и врз коалициските партнери на Јанша во владата.
Јавноста се мобилизираше, а повеќе интелектуалци испратија писмо со извинување до американскиот амбасадор во Љубљана. Исто така и коалициските партнери на Јанша упатија честитки до Бајден, се оградија од ставовите на премиерот и побараа од него да ја признае реалноста.

Орбан остана без план Б

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон беше нарекубан како „Трамп, поголем од Трамп“. Во текот на кампањата Орбан даваше нескриена поддршка на Трамп, а неговите соработници го напаѓаа Бајден и неговиот син, лепејќи им разни етикети. Самиот Орбан пред американските избори изјави дека не постои план Б доколку Трамп доживее пораз. „Убеден сум дека Претседателот Трамп ја спаси конзервативна америка и стана еден од најголемите претседатели. Му посакуваме целосен успех на овие избори“ изјави Орбан кратко пред гласањето.
Веднаш по американските избори, унгарската опозиција почна да го напаѓа, а ставот на градоначалникот на Будимпешта беше дека Трамп бил добар за Орбан, а Бајден ќе биде добар за Унгарија. Европските медиуми веќе започнаа да најавуваат промена во политиката на САД кон владеењето на Орбан.

Зошто Мицкоски го втурнува ВМРО-ДПМНЕ во крајот на „Трамп ерата“

Британски Гардијан уште кон средината на Ноември најави крај на „Трамп ерата“ и десно-популистичките лидери.
Која е потребата на Мицкоски во овој момент во целата глобална војна да го воведува и ВМРО-ДПМНЕ веројатно знае само тој, кога Македонија па и неговата партија, мудро стоеја на страна за време на американските избори.
Токму Гардијан во тогашниот напис ги посочи политиарите кои биле најзаинтересирани за победа на Трамп и негов нов четиригоишен мандат. Почнувајќи од бразилскиот Претседател Болсонаро, преку Ле Пен во Франција и Салвини во Италија па се до Орбан и Јанша се предмет на анализа на Гардијан. Естонскиот Министер за внатрешни работи МАрт Хелме од десничарската партиј ЕКРЕ си поднел и оставка заради недоличните обвинувања кон Бајден и неговиот син за корупција. Угледниот медиум посочува и позитивни примери во Европа кои не биле подготвени за да ги жртвуваат политичките кариери за Трамп.
Марин Ле Пен во Франција,Тиери Буде и Герт Вилдерс во Холандија, Матео Салвини во Италија се дел од европските десничарски лидери кои биле тивки по поразот на Трамп
Мицкоски можеби има финансиски или личен интерес од овие посети, надевајќи се дека тоа ќе му помогне да го сочува претседателското место, но затоа ги загрозува партиските интереси и ја зголемува можноста ВМРО-ДПМНЕ повторно да биде казнета и поразена заради неговата политика.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...