Креаторите на страницата money.co.uk имале за задача да спроведат студија на оваа тема – најздравиот град во светот. Секако, земен е во предвид факторот што долго време ги услови животите на сите нас – пандемијата на вирусот корона.
Од друга страна, беа разгледани следниве параметри: нивото на дебелина на граѓаните, очекуваниот животен век, трошоците на животот, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број на часови сонце. По деталните пресметки, се стасало до првите 20. градови, а победник беше нешто неочекувано – Валенсија во Шпанија.
Медитерански начин на живот, идеална трпеза и клима, со одлична географска положба, која обезбедува мало загадување, го прават овој град најдобриот за престој во моментот.
Шпанците исто така биле среќни што нивната престолнина го освоила високото второ место, а овој резултат не изненадил многумина. Имено, жителите на оваа земја се водат од мотото – тие работат за да живеат, а не обратно. На тој начин постигнуваат рамнотежа и имаат активен животен стил, па наоѓаат време за дружење и одмор. По нив следуваат Лисабон, Виена и Канбера, а целиот преглед видете го во следните редови.
Валенсија, Шпанија
Мадрид, Шпанија
Лисабон, Португалија
Виена, Австрија
Канбера, Австралија
Тел Авив, Израел
Токио, Јапонија
Хаг, Холандија
Љубљана, Словенија
Цирих, Швајцарија
Аделаида, Австралија
Хаифа, Израел
Порто, Португалија
Рејкјавик, Исланд
Темишвар, Романија
Клуж, Романија
Хелсинки, Финска
Бурса, Турција
Бризбејн, Австралија
Копенхаген, Данска