Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Девет совети за совршен и среќен брак

Да се ​​задржи бракот среќен, силен и цврст – не е лесно и неколку совети од психолозите сигурно ќе помогнат на патот до таа цел.

Изберете забава! Смеата и убавото време минато заедно со партнерот ја одржуваат и негуваат врската. Паровите кои ќе изберат да го живеат мигот, имаат посреќен брак.

Не зборувајте негативно за вашиот партнер. Фрустрациите, разочарувањата и несогласувањето се сосема нормални во бракот, но не говорете негативно за вашиот партнер /-ка со други луѓе.

Не навредувајте! Не бидете зајадливи… Секогаш постои добар начин да се кажат одредени работи коишто ви пречат. Критиката нема да се сфати со добра волја ако користите навредливи зборови. Тоа само ќе ја влоши состојбата.

Не прави споредби. Никогаш не го споредувајте вашиот брак со бракот на други парови кој изгледа „подобар“ од вашиот. Наместо тоа, обидете се да ги поправите работите со вашиот партнер и самите да напредувате.

Останете поврзани во текот на целиот ден. Двојките кои одржуваат врска во текот на цел ден – физички, вербално и емоционално, полесно наоѓаат начин да го одржат бракот здрав и среќен.

Намали ја употребата на технологијата! Паровите кои разбираат дека треба малку повеќе да се одделат од разните секојдневни уреди и слични навики и, да се посветат повеќе еден на друг – секогаш се посреќни во бракот.

Пронајдете си хоби. Хобито е важно за забава и „разонода“ – за бегство од дневната рутина којашто станува монотона. Охрабрете се еден со друг во свето хоби.

Практикувајте излегување. Двојките во среќен брак знаат дека излегувањето и дружењето заедно го враќаат „огнот“ во врската. Секогаш одвојувајте време да излезете, да прошетате и да поминете пријатни мигови заедно.

Бидете лојални! Бидете на страната на вашиот партнер. Дајте му / ѝ поддршка во секоја одлука што тој / таа ќе ја донесе за подобра иднина.

најчитани вести

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Балкан

Фадиj Сиjeвиќ е пронајден мртов денес во ридовите над езерото Бадовац, а според „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот на сведоци на Специјалното...

Забава

ОВЕН Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е...

Македонија

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје...