20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Исчезнатите континенти живееле брзо и кратко

Според научниците од универзитетот Монаш во Мелбурн, исчезнатите континенти живееле брзо и кратко, но тие создале основа за формирање на нови, потрајни континенти, од кои се формирале тектонските плочи.

„Резултатите од нашето истражување дојдоа до заклучок дека континентите биле слаби и склони на уништување во нивното „детство“ пред 4 до 4,5 милијарди години, по што тие постепено се менувале и станувале посилни во текот на следните милијарди години за да формираат основа за модерните континенти, рече Фабио Капитанио, лидер на тимот научници од Австралискиот универзитет.

Во текот на стотици милиони години, континентите биле повеќе или помалку стабилни, но тие се префрлиле поради низа тектонски активности, формирајќи разни форми, вклучувајќи го и поранешниот суперконтинент Пангеа, според истражувањето објавено во списанието „Nature“.

Изгледот на „сложувалка“ на континентите пред неколку стотици милиони години е сличен на денешниот, но има многу малку информации за тоа како изгледале континентите во раната историја на нашата планета.

За да го проучат овој ран период на историјата, научниците користеле компјутери за да создадат интеракција на карпи и магма во земјината кора и подолу.

Научниците претпоставуваат дека температурата во внатрешноста на Земјата била три до четири пати поголема во нејзините рани денови, пред архаикот. Земјината кора била многу потопла, но и потенка, така што континентите лесно се разделиле и повторно биле покриени со вулканска магма.

Новите континенти тогаш излегувале магмата која што ги покрила претходно потопените континенти. До почетокот на архаикот, пред 2,5 до четири милијарди години веќе биле создадени основите за денешните континенти.

Во последните децении на дваесеттиот век, геолозите идентификуваа неколку карпи од Хадајк во областа на Западен Гренланд.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести