6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

Вчеравечер (16.01.2021) околу 21.30 часот, во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот Б.И. од ова село, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести