Полицијата во Бруклин уапси жена за наводна кражба на поштенско комбе и потоа удирање во најмалку 10 паркирани автомобили, пренесоа американските медиуми.
Според „New York Post“, се појави видео на кое се гледа како возачот продолжува да забрзува и удира во возила, вклучувајќи и полициски автомобил.
Според полициските извештаи, 21-годишната жена украла поштенско возило и дивеела возејќи седум блока, сè додека на крајот не била уапсена од органите на редот и мирот.
Според американските медиуми, за среќа никој не е повреден, а се очекува против таа жена да биде поднесена кривична пријава.