Мажите кои гледаат порнографија и честопати посетуваат страници за возрасни имаат загрижувачки двојни аршини, тврдат сексолозите.
Експертот за секс и врски, Надија Бокоди од Сиднеј, рече дека, иако момците ја прават најголемата публика на страниците со префиксот „Х“, тие исто така им замеруваат на жените што гледаат таква содржина.
– Публиката што го поттикнува успехот на страницата OnlyFans е всушност нејзиниот најголем антагонист – вели Надија.
– Иако мажите ја сочинуваат најголемата демографска публика на страници што нудат содржина за возрасни, тие во исто време им замеруваат на жените кои гледаат на истите тие страници. Загрижувачки е и тоа што тие дехуманизираат жени чии тела ги гледаат – рече Надија.
Самите мажи кои ги следат најпопуларните инфлуенсерки на социјалните мрежи, а можеби дури и се претплаќаат на нивната содржина, во исто време се и оние кои не ги почитуваат и ги нарекуваат со погрдни имиња.

– Нема ништо покомично и поевтино од девојките кои објавуваат цитати или приказни велејќи дека никогаш не можат да најдат вистинска љубов … Сепак, во нивната биографија тие имаат содржина на страницата OnlyFans и објавуваат сексуално сугестивни и експлицитни слики секој ден – напишал еден од мажите.
– Кликнав на неговиот Инстаграм профил и наидов на десетици селфи фотографии без маица и цел список на женски модели во долна облека – изјави експертот за секс и врски.
Според мислењето на Надија, ваквите момци ги има насекаде на веб-страниците за да најдат партнер.

Таа вели дека некои од коментарите на мажите се дека не ги интересираат девојки кои го продаваат своите тело на Интернет, затоа што според нив не се почитувале себе си
Но, Надија тврди дека не станува збор за недостаток на самопочитување, туку за лицемерен недостаток на почит кон другите луѓе.
