7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

ОФИЦИЈАЛНО: Бил Гејтс е најголем земјопоседник во Америка !

Бил Гејтс, четвртиот најбогат човек во светот, купи 97.000 хектари земјоделско земјиште низ САД, што го прави најголем приватен сопственик на земјиште во Америка.

Според повеќегодишните извештаи Гејтс купуваше земјоделско земјиште во државите Флорида и Вашингтон, а „Land Report“ откри дека Гејтс, чие богатство се проценува на 121 милијарда долари, сега купил земјоделско земјиште во 18 американски држави, пренесува „Форбс“.

Од 97 000 хектари (242 000 хектари, според американскиот систем за мерење), Бил Гејтс има најмногу земјиште во Луизијана (нешто помалку од 28 000 хектари), Арканзас (19 000 хектари) и Небраска (8.300 хектари). Покрај тоа, тој има удел во 10.000 хектари земја на западната страна од Феникс, Аризона, кое се претвора од земјоделско во градежно земјиште и каде никнува ново предградие на тој град.

Според истражувањето на американскиот весник, Гејтс ја поседува земјата директно, но и преку фондот „Каскад Инвест“.

Иако може да биде изненадувачки што технолошкиот милијардер е најголемиот сопственик на земјоделско земјиште во САД, ова не е единствениот обид на Гејтс во земјоделството.

Во текот на 2008 година, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави грант од 306 милиони долари за промовирање на одржливо земјоделство со високи приноси кај малите земјоделци во субсахарска Африка и Јужна Азија.

Во тоа време, фондацијата инвестираше и во развој и проширување на „супер земјоделски култури“ отпорни на климатски промени и на млечни крави со поголем принос.

Не е целосно јасно како се користи земјоделското земјиште на Гејтс, пишува Форбс.

Сепак, постојат некои индикации дека земјата може да се користи на начин што одговара на вредностите на фондацијата.

„Cotonwood Age Management“ дел од Каскада, е член на „Leading Harvest“, непрофитна организација која промовира одржливи земјоделски ресурси кои имаат приоритет на заштитата на земјоделските култури, почвата и водните ресурси.

Гејтс не е единствениот милијардер меѓу најголемите земјопоседници. На трето место се Стјуарт и Линда Резник, кои поседуваат 76.800 хектари и чиј бизнис, меѓу другото, се базира на преработка на земјоделски производи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести