12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД АРКАН (фото)

На социјалните мрежи се појави никогаш досега објавена фотографија од синовите на Аркан, Војин Ражнатовиќ, како во раце го држи бебето Вељко.

Направена е во 1997 година,  а  ја објави постар син на Жељко Ражнатовиќ на својот Фејсбук профил, на 21-годишнината од убиството на неговиот татко во белградскиот „Интерконтинентал“.

Гордиот Аркан стои покрај неговите синови на фотографијата.

Војин е едно од деветте деца на Жељко. Студирал глума и работел во клубови во Лос Анџелес, Лас Вегас и Палм Спрингс. Тој е оженет со Барбара Ванг и со неа ја има ќерката Миа.

По завршувањето на факултет, тој најпрво се вработил во компанија која поседува ланец хотели и казина во сопственост на дедото на познатата богаташка Парис Хилтон, а неодамна се пофалил дека станал дел од компанијата „Тесла“ на вториот најбогатиот човек на светот, Илон Маск.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести