6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Актерот Кевин Костнер го тужеше својот долгогодишен соработник Џим Вилсон за измама и неправедно богатење

Актерот Кевин Костнер го тужеше својот долгогодишен соработник Џим Вилсон за измама и неправедно богатење. Тој го обвини за кршење на доверба, измама, пренамена и неправедно богатење.

Костнер неодамна ја затвори својата компанија „Good Ones Production“, но неговиот поранешен деловен партнер Вилсон сè уште има акции во неа и не сака да ги врати на актерот.

Токму поради оваа причина славниот актер беше принуден да го тужи Џим за 15 милиони долари. Двајцата официјално не соработуваат веќе 12 години.

Вилсон не беше заинтересиран за продуцирање на проекти, ниту пак сакаше да има деловни врски со Костнер, но тој, сепак, наводно не сакал да потпише документ за затворање на компанијата без надомест во форма на акции од половина милион долари.

Тој, исто така, наводно имал многу грди зборови за неговиот поранешен деловен партнер, кому му помогнал да ја добие својата прва улога во „Витезите на Стејси“ во 1983 година. Двајцата соработуваа на повеќе филмови како „Телохранителот“, „Поштарот“ и „Танц со волците“ за кои и двајцата освоија Оскари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести