Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Еве како да ги препознаете ЛАЖГОВЦИТЕ

A liar business man and financial advisor

Секој експерт за покер ја знае моќта на „говорот на телото“ – мали постапки кои откриваат дали некој играч се обидува да го измами противникот.

Ново истражување сугерира дека еден од најдобрите начини да се утврди дали некој ве лаже е многу едноставен – само обрнете внимание дали ве имитира. Ако тој ве имитира, големи се шансите да станете жртва на измама.

Холандските истражувачи од Универзитетот Еразмо во Ротердам користеле снимки на движења на тело за да го следат однесувањето на луѓето кои не ја кажуваат вистината.

– Можеме да го имитираме однесувањето на другите потполно несвесно, но поголема е веројатноста автоматски да ги имитираме ако мозокот работи напорно за да добиеме некоја корист – објасниле истражувачите – Бидејќи на мозокот му е потешко да биде неискрен отколку да ја каже вистината, ние обично го имитираме однесувањето на другите кога сакаме да ги излажеме.

Во студијата, во која биле вклучени истражувачи од Велика Британија и Холандија, волонтерите биле следени додека ја зборуват вистината и додека кажуват прогресивни лаги – од безопасни до големи.

Во првиот експеримент, истражувачите испитале како луѓето се однесуваат кога ја кажуваат вистината и како кога лажат.

Во вториот експеримент, на соговорниците им било наложено да обрнат внимание на невербалните пораки што им ги испраќаат измамниците.

Резултатите од двата експерименти покажале дека невербалната координација, односно имитацијата на говорот на телото, се зголемува, бидејќи испитаниците требало да лажат повеќе.

– Луѓето се потпираат на автоматизирани процеси како што се изрази на лицето кога се под когнитивно оптоварување – заклучиле истражувачите.

најчитани вести

Македонија

Ни риба, ни девојка !Немањето став за референдумот, сега се повторува во политичката кариера на Мицкоски и по прашањето на пописот.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или...

Забава

Извесен Драган на Фејсбук објавил оглас дека бара жена за „заеднички љубовен живот“, па дури оставил и телефон заинтересираните да му се јават. И...

Забава

Јасно е дека Богдан е во одлична форма, па многу други мажи би можеле да му позавидат на физичкиот изглед, но и на неговата...

Забава

Прекрасната Едина Муса ја познаваме како најубавата македонска кошарка, но таа во последниот период вложува повеќе време во фитнесот и затоа изгледа презгодно. Муса...