Додека го снимал приближувањето на бурата, маж од Бразил бил погоден од гром.
Како што пишуват медиумите, инцидентот се случил во градот Миндури, каде Хозе Омар де Оливеира, заедно со негов пријател, истовремено снимал и го коментирал за невремето.
„Од едната страна времето беше сончево, но од другата беше облачно и затемнето. Си реков направам едно видео за да покажам колку е голем Бог и да ја снимам моќта на природните сили. Одеднаш, слушнавме силен звук и паднавме на земја. Бевме шокирани и истрчавме кон автомобилот. Мислам дека мобилниот телефон го привлече громот“, изјави Бразилецот за локалните медиуми.