20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

На работа ве очекуваат голем број проблеми кои не успевате да ги решите. Поради тоа сте демотивирани. Брачниот однос е стаилен. Поради работните проблеми не сте расположени, но брачниот партнер целосно ве разбира. Нервоза.

БИК

Добивате понуда. Ви звучи одлучно и ја разгледувате можноста да преминете во друга фирма. Врската со партнер е во прекин. Немате надеж дека ќе дојде до помирување. Имате потреба да бидете сами. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работата одлично се развива. Ве очекува службен пат и преговори преку кои ќе постигнете задоволувачка соработка. Брачниот однос е во сериозна криза. Комуникацијата се сведува на караници или воопшто ја нема. Размислувате за развод. Стабилно здравје.

РАК

Целосно сте незадоволни. Размислувате да дадете отказ, затоа што не можете да го издржите притисокот. Имате впечаток дека бракот дошол до крај. Сметате дека брачниот партнер е одговорен и дека не сака да се потруди односот да се подобри. Слаб имунитет.

ЛАВ

Пробувате да ги решите проблемите, но тоа не ви оди од рака. Ве загрижува дали ќе останете на работа. Целосно сте незаинтересирани за емотивното поле. Не ве интересира ниту дружба ниту потрага за нов партнер. Проблеми со коските.

ДЕВИЦА

Работата е во застој. Ве очекува работен успех само во случај на работна соработка со странците. Вашето незадоволство од работата негативно влијае на односот со брачниот партнер. Депресија ве следи.

ВАГА

Работата нормално се одвива, а финансиите се стабилни. Нема никакви значајни случувања на работа. Ве очекува ново познанство. Емоциите ви се поделени: кај другата личност некои работи ви се допаѓаат, а некои не. Организмот е во регенерација.

ШКОРПИЈА

Поволен ден за соработка со странци. Очекувате да ви го дадат договорениот износ на пари. Во емотивното поле нема нови случувања. Загрижени сте поради работата, па љубовта не ве интересира. Не сте расположени.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте како работата се развива. Проблем е што не сте адекватно платени. ЗАгрижени сте поради пари. Имате впечаток дека од бракот нема ништо. Со другата половина не разговарате за решавање на проблемите. Лош имунитет.

ЈАРЕЦ

На работа ве чекаат тешкотии. Проблем е што немате идеи како да ги решите. Имате впечаток дека сте заглавиле. Имате тајна симпатија. Полека го испитувате теренот. Имате впечаток дека другата страна е заинтересирана за врска. Слаба циркулација.

ВОДОЛИЈА

Имате доза оптимизам кога е работата во прашање. Тешкотии се присутни, но верувате дека ќе ги надминете. Брачниот партнер е стабилен, силен и ве поддржува. Ви сте во психолошки пад и никако да се извлечете. Нервите се пречувствителни.

РИБИ

Задоволни сте од соработката со воeни структури. Соработката е стабилна и верувате дека ќе трае долго. Партнерот не е расположен. Неговата ситуација негативно влијае на вашиот однос. Добро се чувствувате.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести