10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Иванка Трамп е строга газдарица! На телохранителите им забранила да ги користат тоалетите во нејзината резиденција

Ќерката на претседателот Доналд Трамп, Иванка Трамп, им забрани на нејзините телохранители од тајните служби да ги користат тоалетите во нејзината резиденција во Вашингтон.

Дури, како што пишуваат странските медиуми, тие биле принудени да поминуваат околу една милја за да ја завршат нивната својата физиолошка потреба.
Иванка, наводно, лично забранила да се користат тоалетите   во нејзината резиденција со шест спални соби и седум бањи – во Калорама, Вашингтон, и наводно не дала објаснување за ова.

Ова, како што тврдат медиумите, ги принуди некои од агентите да возат околу една милја до комплексот заменик претседателот Мајк Пенс во американската поморска опсерваторија, во кои објекти тие беа „добредојдени“ да ги користат.

Како што пишуваа медиумите „сагата со тоалетите“ се претпоставува дека завршила со изнајмување на студио финансирано од даночните обврзници 3.000 американски долари месечно во близина на изнајмената куќа на Иванка.

Драмата, наводно, започнала кратко откако Иванка, нејзиниот сопруг Џеред Кушнер и нивните три деца се преселиле од Њујорк на почетокот на 2017 година за да работат во администрацијата на претседателот Трамп.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести