16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СЕ ПРЕДАДЕ ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО – Оваа 23-годишна девојка ќе го однесе пред олтар

Леонардо ди Каприо како што изгледа е на чекор од брак со неговата девојка, моделот Камила Мороне.

Доколку веста на магазинот „Cosmopolitan“ се покаже како точна, тоа ќе предизвика земјотрес во Холивуд, каде славниот актер се смета за „вечен ерген“. Всушност, Ди Каприо имаше многу врски што изгледаа дека ќе завршат на олтарот, но ненадејно завршуваа

Но, извори блиски до парот велат дека овој пат е поинаку и дека холивудската starвезда смета дека во неговата 23-годишна девојка со аргентинско потекло, тој пронашол сè што барал кај една жена.

Двајцата се во врска повеќе од три години и се вели дека се од глава до пети заљубени еден во друг. Се чини дека бринетата  конечно го спушти Ди Каприо на земја, но сепак треба да почекаме да видиме дали овој брак ќе стане реалност!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести