20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ПРЕСТРЕЛКА ВО с.Љубош ЗАВРШИ СО ДВАЈЦА РАНЕТИ – ДРАМАТА ПРОДОЛЖИ И ПРЕД ГРАДСКА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ

Расправа пред деловен објект во село Љубош завршило со вадење на огнено оружје при што за две лица тоа можело да биде кобно.

МИА пренесе дека двајцата се пренесени во ЈЗУ-Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Како што потврдиле од МВР за МИА, денеска во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

– Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.

Како што објавија дел од медиумите пред поранешната Градска болница се случило и пукање, а повеќе возила на интервентна полиција се упатија пред болницата. Според медиумите на местото на настанот има автомобил со скршено задно стакло, а до возилото и пиштол. (МИА)

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести