20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

НОВ ХИТ: Ташни од кора од јаболко!

Патики направени од кафе, материјал направен од печурки, a сега имаме и кожа направена од јаболка.

Овие сите изгледаат како приказна, но всушност, сите тие постојат и се произведуваат со цел да се избегне злоупотребата на животните за вакви цели.

Последниот производ од кој луѓето се најмногу зачудени е кожата направена од кора од јаболка. Сега веќе неколку компании започнаа да ја произведуваат оваа кожа, секоја на свој начин ја користат за производство на чанти, обувки, ремења итн.

Една од компаниите што ја направија оваа креација е модната куќа „Samara“, која е основана од две сестри од Канада.
Тие поминаа една година додека ја создадоа оваа кожа од рециклирана кожа од јаболко, и малку пластика.

Овие сестри работат неуморно да најдат замена и за пластиката па да се користат еколошки материјали кои се целосно биоразградливи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести