2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

МЕРКЕЛ ЗАМИНУВА – ОВА СЕ ТРОЈЦАТА КАНДИДАТИ ДА ЈА НАСЛЕДАТ

Владејачката германска Христијанско-демократска унија (ЦДУ) избира нов лидер овој викенд, односно го бира човекот кој ќе ја замени канцеларката Ангела Меркел која од 2000 година ја води, партијата, а во последниве 16 години и државата.

Армин Лашет (59), Фридрих Мерц (65)  Нортберт Ронтген (55) се борат за позицијата шеф на оваа најсилна партија и можен наследник на Ангела Меркел.

Станува збор за тројца мажи, тројца адвокати, тројца католици, тројца политичари кои доаѓаат од германската провинција Северна Рајна-Вестфалија. На изборите за Бундестагот во октомври 1994 година, сите тројца станаа членови на германскиот парламент – во исто време, но не заедно, пишува Дојче веле.

Ротген имал 29, Лашет 33, Мерц нешто помалку од 39. Сите тројца студирале во Бон, но секој во различно време. Мерц беше во Европскиот парламент од 1989 до 1994 година.

Лашет, Мерц и Ротген започнале како пратеници од задните редови во пленумот. Но, тоа наскоро се сменило. Старите членови на Бундестагот се сеќаваат како првите говори на тројцата привлекле големо внимание. Биле сигурни во себе и во она што го зборуваат, дозволувајќи спонтани прашања.

Позади кулисите на Бундестагот, помладиот Лашет и Ротген и малку постариот Мерц се движеле во различни насоки. Ниту еден од тројцата немал шанса да направи кариера во Парламентарниот клуб, чија работа во последните неколку години од владеењето на Хелмут Кол беше обележана со стагнација.

Започнала рунда разговори меѓу „реформатистите“ кои барале промена на законот за државјанство, што предизвикало гнев кај постарите, претежно конзервативни членови на Бундестагот, и започнале политичките флертувања меѓу тогашните млади пратеници на ЦДУ и политичкото раководство на Зелените, вклучувајќи ги Лашет и Ротген.

Како прво, еден човек, Питер Хинце, избран во Бундестагот во 1990 година, ги вмрежил Лашет и Ротген во т.н. „Група на млади“ во рамките на Парламентарниот клуб ЦДУ / ЦСУ. Групата била лојална, но сепак донекаде револуционерна за време на повремените вечери со Хелмут Кол на кои се воделе долги дискусии. Тие исто така оделе на патувања во странство – на приеми кај Бил Клинтон во Белата куќа или во посета на Кремлин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести