21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

После 17 години се враќа “СЕКСОТ и ГРАДОТ“ без омилената глумица

Славните глумици Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис објавиле на својот Инстаграм профил трејлер за нова сезона на хит серијата „Секс и град“, но Ким Катрал нема да глуми во истата.

После 17 години на малите екрани се враќа култната сероја “Секс и град“.

Славните Кери, Миранда и Шарлот потврдиле дека ќе продолжат да играат во серијата која и денес важи за една од најсаканите и најпопуларните, но за многумина следел ладен туш кога се слушнало дека меѓу нив нема да се најде Саманта.

Единствена глумица која не сакала во новата серија е Ким Катрал, која досега глумела во сите шест сезони и два филма. Уште пред две години Ким била категорична и изјавила дека не планира да се врати во улогата на Саманта.

“Тоа не е за мене“, заклучила таа.

Не е тајна дека Ким не се согласува со останатите колешки, особено со Сара Џесика Паркер, за што повеќепати јавно зборувала. Посебно внимание привлекла нејзината реакција на изјавата на Сара за сочуство кога починал братот на Ким Катрал, како и јавно препукување со колешката:

“Не ми е потребна твојата подршка, Сара Џесика Паркер. Ти не си ми пријателка. Последен пат ти зборувам да престанеш да ја користиш нашата трагедија за да се прикажеш како добра девојка“ бил дел од пораката на Ким Катрал.

Се уште не се знае кога продолжението на култната серија ќе почне со емитување, но многумина се согласуваат во тоа дека без Саманта дефинитивно ништо нема да биде исто…

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести