13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

СНЕГОТ НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ХАОС ВО ЈАПОНИЈА, ИМА И ЖРТВИ (ВИДЕО)

Осум лица загинаа во Јапонија во снежната бура што ја зафати речиси целата земја, додека стотици беа повредени.

Особено погодени беа делови од префектурите Нига, Ишикава, Фукуи и Тојама.

Обилните врнежи од снег во овој момент не се невообичаени, особено на планините, но приливот на студен воздух значи и дека паѓа снег во крајбрежните области.

Падна повеќе од еден метар снег, а делови од северна и централна Јапонија беа покриени до тој степен што се собра два до три пати повеќе од просекот.

Јапонската државна телевизија ХНК објави дека снегот во градот Тојама е повеќе од еден метар и дека тоа количество снежни врнежи не е забележано во претходните 35 години.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести