4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВНИМАТЕЛНО: Има опасни комбинации на лекови и храна на кои сериозно треба да обрнете внимание

Има опасни комбинации на лекови и храна на кои сериозно треба да обрнете внимание. Еве кои се тие:

– Зелен зеленчук (брокули, спанаќ, прокељ) кој е богат со витаминот К, го поништува антикоагулативното дејство на разредувачите на крвта, па така оваа комбинација никако не се препорачува.

– Одделни лекови против зголемен притисок го зголемуваат нивото на калиум во организмот. Доколку се комбинираат со банана, која исто така е богата со калиум, оваа комбинација може да го поремети правилниот срцев ритам или да предизвика лупање на срцето.

– Храна богата со растителни влакна (како оревите) спречува апсорција на одделни лекови против болести на штитната жлезда. Доолку консумирате големи количини од овие намирници, можеби би требало да ја зголемите дозата на лекот, нормално во консултација со вашиот лекар.

– Сокот од грејпфрут го зголемува дејството на лековите за намалување на холестеролот во крвта, а последица се зголемените шанси за појава на несакани дејства како болки во нозете. Консумирањето на оваа намирница исто така би требало да ја избегнувате доколку земате лекови против зголемен крвен притисок, абнормален срцев ритам или анксиозност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести