Актерката Анџелина Џоли (45) беше фотографирана со своите ќерки Захари и Вивиен на шопинг во Калифорнија и многумина забележаа дека е послаба од кога било.
Имено, познатата актерка беше фотографирана додека таа и нејзините ќерки купуваа облека.

По тој повод, Анџелина носеше бел фустан до под коленото, кој го истакнуваше нејзиниот блед тен, но и слаби нозе што се гледаа под фустанот, па многу фанови беа загрижени.
- Што е ова, нејзините вени се проѕирни, а коските и излегуваат од слабост, коментираат обожавателите.

Захари Џоли Пит беше посвоена од Анџелина кога имаше само шест месеци.
- Научив толку многу од неа. Таа е моето семејство, но и вистинска Африканка – рекла Анџелина во неодамнешното интервју.

