11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

По грешка пратил незгодна порака кај “идната девојка” (фото)

Многумина  се нашле во непријатна ситуација со мобилниот телефон кога некоја порака стигнала таму каде што не треба.

Или сте ја испратиле пораката на погрешна адреса, или ви е доставена по грешка.

Керстен Ховис доживеала многу повеќе од непријатно искуство

Покрај тоа што добила порака која не била наменета за неа, содржината на пораката била поврзана и со неа.

Поточно, момчето со кое требало да оди на состанок по грешка и испратило порака која, очигледно, била наменета за еден од неговите пријатели.

Тој требало да ја земе со автомобил и најпрво и испратил порака со прашање дали е на вистинското место, а кога Керстен одговорила потврдно, следната порака била: „Таа е подебела отколку што мислев, но се чини дека нејзините имаат пари!“

Иако имала целосно право да биде лута, бесна, разочарана и, се разбира, навредена, Керстен само кратко одговорила: „Ќе се молам за тебе, пријателе“.

Таа ја објави целата преписка на Тик-Ток, со објаснување дека младиот човек сакал да испрати порака до парот што требало да го сретнат, но набрзина, тој и ја испратил пораката по грешка. Сепак после тоа тие никогаш повеќе не се виделе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести