На социјалните мрежи кружи фотографија од трогателна сцена на која се гледа германски овчар кој не се поместува од натстрешницата на еден локал во Белград. Корисничката на Твитер која ја објавила фотографијата објаснува дека соседот кој му бил газда починал пред десетина дена и дека после тоа кучето најверојатно останало само.
Кучето изгледа некако успеало од терасата да премине на натстрешницата и таму со денови си го чека газдата. За него во моментов се грижат соседите кои редовно му носат храна. 
