Марија Шерифовиќ во интервју за „Стори“ зборувала за љубовта и емотивните врски. На прашањето дали е лесно да се биде нејзина емотивна партнерка, пејачката открила како стојат работите.
– И во емотивниот однос настојувам работите да ги поставам на јасно место. Сакам кога фунционираат по одредени принципи, со кои, што е мошне ретко и тешко, се согласуваат двајцата партнери. И покрај се, верувам дека на таа личност најдобрата работа во животот би и било да биде моја девојка“, рекла Марија и додала дека довербата е клуч на се, а таа лесно се губи.