14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НАУЧНА СТУДИЈА ОТКРИВА: Имунитетот на Ковид-19 трае најмалку 8 месеци!

Имунитетот на човечкото тело кон новиот коронавирус обично трае најмалку осум месеци по инфекцијата, објави „Washington Post“.

Според студија објавена во списанието „Science“ околу 90 проценти од пациентите кои учествувале во студијата имале долготраен и стабилен имунитет.

Новата студија во „Science“ сведочи дека луѓето развиваат подолготрајна отпорност на вирусот по инфекцијата во повеќето случаи.

Анализата на примероци од крв од речиси 200 пациенти покажа дека повеќе елементи на имунолошкиот систем, не само антитела, продолжуваат ефикасно да го препознаваат вирусот и да реагираат на инфекција.

Човечкото тело се чини дека се сеќава на напаѓачот и е во состојба да реагира на секоја средба со напаѓачот во координирано дејство на антитела и Т-клетки, се наведува во анализата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести