Гостите на Сања Маринковиќ во емисијата „Магазин ин“ открија многу работи за себе.

„Не постои успешен човек, кој барем еднаш не банкротирал. Сите во животот сме имале тешки проблеми, падови и успеси, јас минав многу работи, но тоа на моето лице не се забележува. Сите доаѓаме до таа ситуација, само за тоа не треба да се зборува, туку треба да се држи главата горе“, вели Вики Миљковиќ.

„Не можеш да бидеш успешен, ако не си бил сиромашен. Сиромашниот се труди да успее, сите сме биле сиромашни и станавме тоа што денес сме благодарение на трудот. Затоа никогаш не треба да се плашат сиромашните дека еден ден ќе бидат богати и успешни“, порача пејачката.
