Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Кулминира стравот на Мицкоски од Апасиев: Порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ извадија анкети нарачани пред 15 јули !

Рејтингот на Мицкоски е во слободен пад. Според анкетите на Телма го загуби водечкото место и меѓу опозициските политичари. Апасиев веќе му бега, а Заев е недостижен.

Во телефонски спроведената анкета на агенцијата “М проспект”” на репрезентативен примерок од 1 000 испитаници, најголем пораст на поддршката има кај Димитар Апасиев со 29,7%.

Во однос на личниот рејтинг на лидерите на двете најголеми партии, првиот човек на владата и СДСМ, Зоран Заев ужива поддршка од 39,7% од испитаниците, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е поддржан од 28,3 % од испитаниците.

Карактеристично е тоа што најголем процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден од лидерите. Убедливо мнозинство од испитаниците не веруваат ниту во Заев, ниту во Мицкоски, односно 59,4 отсто изјавиле дека немаат доверба во Заев, додека дури 70 проценти не веруваат во Мицкоски. За него особено е забележително дека тој има исклучително ниско доверба кај припадниците на албанската заедница, вклучително и кај гласачите на Алијанса и Алтернатива со кои тој се обидува да воспостави некој вид на неформална соработка.

Алфа Телевизија и медиумите блиски на опозициската ВМРО ДПМНЕ вчера истовремено објавија апсурдна анкета која е сосема различна од последните испитувања на јавното мислење. Ниту еден експерт не застана зад анкетата ниту се обиде да ги брани резултатите. Со анкетата целосно се потценува интелегенцијата на граѓаните и членовите на ВМРО ДПМНЕ , а Телевизија Алфа ги убедуваше дека ако имало избори на 15 јули Мицкоски ќе победел.


Дополнително , неафирмираниот институт СИА ВИСТА се обиде да излаже дека анкетата ја спроведувал на 1523 испитаници во периодот од 21.12.2020 до 25.12.2020, а прашањето било за која партија би гласале на изборите што ќе се одржеле на 15 јули. На 15 јули 2021 нема избори и чудно е што “СИА ВИСТА” ги прашувала испитаниците во декември за нешто што не постои.

СИА ВИСТА веќе се посрамоти со промашена анкета

Во пресрет на изборите на 15 Јули, Сиа Виста објави анкета според која ВМРО-ДПМНЕ беше во водство пред СДСМ и БЕСА со 2,5%. Не само што Мицкоски не победи туку убедливо ги загуби изборите и не состави влада.

Дел од медиумите објавија за скандалозната анкета и институтот кој стоел зад неа.


најчитани вести

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Спорт

Иван Чупиќ има договор со Вардар 1961 до крајот на оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец иако има 34 години игра одлично, тој е еден од...

Свет

Повеќе од 230 милиони луѓе во Европа живеат во земји под целосна национална блокада. Светската здравствена организација ги повика европските земји да сторат повеќе...

Забава

Тајлен Блондо стана позната како девојка која беше фотографирана за насловната страница на „Vоgue“ на десетгодишна возраст, а таа фотографија крена голема прашина, бидејќи...