Голема експлозија го потресе кинескиот град Нингсијанг во провинцијата Хунан, каде избувна пожар во фабрика за рециклирање на батерии. На социјалните мрежи се појави и видео од експлозијата.
Едно лице загина во пожарот, 20 се повредени, а истрагата за причините е во тек, објави Ројтерс. Од 20 повредени, шестмина се со сериозни повреди, додека други 14 полесно повредени се задржани во болницата, но никој не е во животна опасност.
Експлозијата се случи во фабриката „Branp Recycling Technology“, која е во сопственост на големата кинеска корпорација CATL, која се занимава со производство на батерии и е еден од главните снабдувачи на електрични автомобили, како што е „Тесла“.
Компанијата, со израз на жалење, рече дека инцидентот нема да го загрози нивното производство.
