Непознат разбојник околу 17 часот со закана за пиштол ограбил филијала на банка на булеварот Крал Александар во Белград.
На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера, на која се гледа како маж со заштитна маска и син ранец во рацете влегува во гранката. Кога се приближил кон шалтерот, од ранецот извадил пиштол и им се заканил на уплашените вработени во банката, а потоа, според „Пинк“, украл околу 23.000 евра.
Pljačka banke u Beogradu!!! pic.twitter.com/5Ap5aIZjGK
— Pluton (@Pluton45873221) January 8, 2021
После тоа, тој побегнал во непознат правец. Според неофицијални информации, на едно лице му се слошило при грабежот. Истрагата е во тек.
