Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Американската амбасадорка Брнз: Не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, од ова ќе излеземе посилни

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз во објава на Твитер ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон.

-Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и оти доаѓаат подобри денови, напиша американската амбасадорка на Твитер.

Таа посочува дека не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, како што беше нападот врз Капитол хил во средата.

-Претставува утеха што овие акти на насилство беа осудени ширум САД и во светот и само по неколку часа, нашиот Конгрес го потврди изборот на Бајден како иден претседател на САД, а претседателот Трамп вети уредна и беспрекорна транзиција на власта на 20 јануари, напиша Брнз на својот официјален Твитер профил.

Пред три дена толпа поддржувачи на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во американскиот Конгрес, при што животот го загубија пет лица. 

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Фрустрациите од губењето на водечкото место меѓу опозициските политичари од лидерот на Левица Димитар Апасиев, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги демонстрира со панични реакции и...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...