Два дена по ред по медиумите кружат вестите за брачната криза помеѓу Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест, тврдејќи дека Канје ја изневерил Ким со познатиот шминкер, Џефри Стар.
Џефри Стар во четвртокот вечерта објави видео во кое се изјасни по ова прашање, отфрлајќи сè во врска со веста дека Канје ја изневерил Ким со него.
Шминкерот го опиша ова како најголема глупост што некогаш ја прочитал за себе.
