Познатиот музичар и водител Огнен Амиџиќ е примен во болница поради воспаление на белите дробови, но, како што рекол, му бил направен ПЦР тест и немал корона вирус.
– Добро се чувствувам. Во болница сум затоа што лекарите сакаат да ја следат мојата состојба, рекол Амиџиќ.
Тестот на Огнен е негативен, а неговата сопруга Даниела која веднаш се тестирала се уште го чекала резултатот.
