Видео, објавено од „Дејли меил“, прикажува две кучиња кои комуницираат и се радуваат едно на друго, бидејќи не се видени веќе некое време .
Кучето Јакс, кое сега живее во Манитоба, Канада, беше снимено додека лае и завива за време на видео-разговорот со неговиот другар по име Бриди.
Јакс и Бирди, кој е кучето на мојата ќерка, се најдобри пријатели, но кога заминаа ќерка ми и Бирди, многу си недостигаат, изјави сопственикот на Јакс за „Дејли меил“.
За време на видеото од 12 секунди, се гледа како Јакс гледа право кон таблетот каде се појавува неговиот пријател Бриди.
https://www.youtube.com/watch?v=1W7FibYzZuQ&ab_channel=Tonight%27sEntertainment
