8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ОТКРИЕНО КАКО ВЛИЈАЕ КОРОНАТА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ КАЈ ПУШАЧИТЕ

Веќе долго време владее митот дека „коронавирусот ги сака чистите бели дробови“ и дека пушачите на некој начин се заштитени од тешкиот облик на ковид-19. Новото истражување се занимавало токму со таа заблуда.

Научниците од „King’s“ колеџот во Лондон објавиле резултати од истражувањето на тема поврзаноста на зависноста од никотинот и ковид-19. Нивниот заклучок е дека пушењето ја дуплира разликата од заболување од тежок облик на ковид-19.

Истражувањето анализирало податоци од „Zoe Covid Symptom Study App“ и било докажано дека пушачите се во поголем ризик да заболат од потежок облик на ковид-19, поточно 14 отсто поголем ризик во однос на непушачите.

Покрај тоа истражување покажало и дека кај пушачите симптомите се долготрајни.

Не само тоа, како што пренесува „The Sun“ во однос на непушачите, кај пушачите 29 отсто е поголема веројатноста дека ќе имаат до пет симптоми поврзани со коронавирусот во текот на болеста.

Најчестите симптоми кои што пушачите ги пријавуваат се аносмија, губење апетит, дијареа, умор, конфузија и болки во мускулите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести