6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ДУРИ 135 ПРИЈАВИ ЗА НЕПЛАТЕН К15 ДОСЕГА – Најголем дел од нив се во Скопје

Со последниот ден од 2020 година заврши и рокот за исплаќање на регрес за годишен одмор познат како К15 за работниците. Голем број на граѓани на социјалните мрежи се пожали дека или не им бил исплатен или била исплатена сума од илјада денари па се до еден денар.

Тоа е и причината поради кои за само една недела има 135 пријави од неисплатени или само делумно исплатени работници.

Според Државниот иснпекторат за труд се очекува жалбите да се зголемуваат во текот на овој месец. До сега, за неисплатен К15 од 2019 се изречени 244 казни за работодавачите, додека за 2020 допрва ќе се работи.

– Државниот инспекторат за труд по завршувањето на законскиот рок за исплата,  на 04.01.2021 година, започна со спроведување на инспекциски надзори кај работодавачите за кои има пристигнато пријави, како на веб страната на ДИТ, така и во Кол центарот и во архивата на инспекторатот. Во тек е прибирањето на податоците од извршените надзори од секој инспектор за оваа недела, и истите ќе бидат јавно објавени преку Соопштение од Државниот инспекторат за труд, ни одговори Јована Тренчевска, директорката на ДИТ.

Во текот на минатиот месец, односно од 01.12.2020 до 31.12.2020 година до инспекторатот има пристигнато вкупно 135 пријави по основ на неисплатен регрес или исплатен регрес во помал износ од предвидениот.

– Од нив најмногу има во Скопје, 71, потоа следуваат Штип со 12, 8 за Кичево, 6 за Прилеп, по 5 за Охрид, Струга и Тетово, 4 за Кавадарци, по 3 за Битола, Куманово и Ресен, по 2 за Струмица и Гостивар и по 1 за Велес, Кочани, Росоман, Пробиштип, Радовиш и Делчево. Од вкупно 135 пријави дури 97 биле поднесени од анонимен подносител, а само 38 од познат подносител. Пријави преку веб страницата на ДИТ и Кол Центарот, пристигнуваат и во првите денови од 2021 година, дополнува Тренчевска.

Во текот на 2020 се обработувале прекршените прописи за неисплата на регресот за годишен одмор во 2019, а ДИТ изрекол 244 мерки, односно казни за работодавачите.

Фактор

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести