Секоја одлука на кралицата Елизабета Втора од Велика Британија, се анализира со големо внимание. Дури и сега, нејзината последна одлука, која е официјално потврдена донесе песимистичко расположение бидејќи сугерира дека борбата против коронавирусот се уште не е завршена.
Имено, од палатата беше потврдено дека во текот на 2021 година нема да се одржи забава во дворот на палатата, што инаку е најважниот настан во летниот календар на кралицата.
Ова е втор пат за време на 69-годишното владеење на кралицата Елизабета Втора да се откажат овие и вакви јавни настани.
Веста доаѓа еден ден откако премиерот Борис Џонсон објави нова национална блокада за Англија и Шкотска барем до средината на февруари.
Градинарски забави се одржуваат во Бакингемската палата уште од 1860-тите, како начин монархот да ги почести јавните служби.

Околу 30.000 луѓе присуствуваат на настаните, кои ги слават сите области на јавниот живот и британското општество. Покрај мешањето со членовите на кралското семејство, гостите се почастуваат со чај и торта. (Според веб-страницата на кралското семејство, се служат околу 27.000 чаши чај и се консумираат 20.000 парчиња колачи!)
Сите забави во градината на палатата беа откажани и во 2019 година заради што беше прв пат во историјата да се однесе таква одлука.